Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи ја финансирал предизборната кампања на Никола Саркози во 2007 година. Овој податок излезе на виделина од едно од последните интервјуа на лидерот што го откри француската телевизија „Франце 3 ТВ“.
Аудио интервјуто со Гадафи, направено на 16 март 2011 година, беше емитувано синоќа од француската телевизија. Во него тој вели дека Саркози му побарал помош, кога бил министер за внатрешни работи. Во записот сепак не станува јасно за износот што го побарал од Гадафи поранешниот француски шеф на државата.
„Саркози стана претседател благодарение на мене. Му дадов средствата кои му помогнаа да победи“, го цитира Гадафи францускиот телевизиски канал.
По 2011 година односите меѓу двете земји се влошија. Париз побара соборувањето на диктаторот од власт и ја постигна својата цел на 20 октомври 2011 година, кога Гадафи беше убиен, пишува весникот „Дарик“.
Во пролетта на 2012 година француското издание „Медиапарт“ објави документи што обелоденија дека либискиот режим дал 50 милиони евра за потребите на францускиот политичар. Саркози го тужи весникот и ја нарече публикацијата „грандиозен фалсификат“. Случајот и денеска е се’ уште актуелен во Франција.