(ГАЛЕРИЈА и ВИДЕО) Победа на Хамилтон во Бахреин, тешка несреќа на Грожан, Строл заврши на покрив – изјави

Светскиот првак во класата Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес е победник на трката за Големата награда на Бахеин која ја одбележа една од најтешките несреќи во ова натпреварување последните години.

Трката беше прекината во првиот круг поради тешката несреќа на пилотот на тимот на Хаас, Ромен Грожан. Французинот во третиот завој по контактот со Даниил Квајт ја загуби контролата над болидот забивајќи се во ограда при што болидот експлодираше и се преполови.

За среќа, 34-годишниот Грожан преживеа. Успеа некако да се измолкне од болидот и преку тимското радио потврди дека е добро пред да влезе во возилото на итната помош за да биде прегледан, како што бара протоколот.

Автомобилизмот за влакно избегна голема трагедија, а модерните безбедносни системи му го спасија францускиот пилот.

„Грожан е добро. Има полесни изгореници на рацете и зглобовите. Сега е на прегледи, свесен е за сѐ. Се чини дека е добро, а спасувачката екипа брзо реагираше. Редарите и FIA направија одлична работа. Беше страшно. Имавме среќа во несреќа, мислам дека се извлече“, изјави директорот на Хаас, Гинтер Штејнер.

Прекинот траеше повеќе од еден час додека патеката се чистеше и се поправаше безбедносната ограда.

„Чудо што е жив“, рече поранешниот светски шампион Британецот Дејмон Хил изразувајќи „апсолутен шок и ужас“ од гледањето на снимката од несреќата на телевизијата.

„Благодарен сум што Ромен е на сигурно. Ризикот што го преземаме не е шега, бидејќи постојат многумина кои забораваат дека својот живот сме го ставиле на коцка за овој спорт и за она што сакаме да го правиме“, објави Хамилтон на Twitter.

Први на местото на несреќата пристигнаа возачот на возилото за итна помош Алан ван дер Мерве и службениот лекар на Формула 1, Иан Роберст.

„Сите бевме многу изнанедени, не сум видел ваков пожар на трка веќе 12 години. Ромен самиот излезе од болидот, што е извонредно по таква несреќа. Претставуваше големо олеснување за сите кога го видовмре“, изјави Ван дер Мерве.

Меѓутоа, несреќата во првиот круг не беше единствениот инцидент и непријатно возбудување. По повторениот старт, се случи нова несреќа. Овојпат не толку опасна и сериозно, но спктакуларна, Канаѓанецот Ленс Строл се преврте откако се заби во болидот на Русинот Даниил Квајт кој индиректно учествуваше во двата инцидента. За среќа, и Строл не претрпи никакви сериозни повреди.

„Добро сум, само свртен надолу“, ѝ порача Строл на својата екипа пореку тимското радиот пред се измолкен од превртениот болид.

Траката потоа беше продолжена, а до победата и тоа 95-та во кариерата и 11-та оваа сезона дојде Хамилтон. Втор беше Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, додека неговиот клупски колега Александер Албион го израмни својот најголем успех во кариерата освојувајќи го по вторпат третото место.

Траката заврши како што и започна, зад безбедносното возило откако се запали моторот на болидот на дотогаш третопласираниот Серхио Перез кој на крајот мораше да се откаже.

„Бев шокиран од сцените, изгледеше нестварно. За среќа, не заврши со трагични последици“, ја коментираше по трката Хамилтон несреќата на Грожан,

Во вкупниот редослед во шампионатот води Хамилтон со 332 бодови, втор е Финецот Валтери Ботас со 201, а на третото место е Верстапен со 189 бодови.

По две седмици ќе се вози уште една трка во Бахреин, а сезоната завршува на 13-ти декември во Абу Даби.