Во галеријата Остен, утревечер (3 септември), со почеток од 20:20 часот самостојна изложба на графики – цијанотипии „Време е за чај” и музички перформанс ќе има францускиот мултимедијален уметник Рено Рулман, а во рамки на претставувањето на учесниците за претстојното Биенале на цртеж Скопје 2020 на Остен.
„Циклусот „Време е за чај“ е серија на цијанотипии, специфичен фотографски графички процес со кој се продуцираат цијано-сини графики. Како фотограф на аналогна фотографија, Рулман ќе се претстави со 30 цијанотипии – како омаж на оваа техника (1842 г.), преку кои ќе покаже како да се направат копии од растенија како хербариум. Се работи за мешавина од сликарство, фотографија и геометрија. Уметникот ќе изведе и музички перформанс со генерирање на музика од македонски цвеќиња на отворањето на изложбата“, стои во најавата на Остен.