![dubai 00](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/dubai-00.jpg?resize=696%2C488&ssl=1)
Во новоотворенотот луксузно одморалиште во сопственост на „Adress Beach Resort and Spa“ во Дубаи отворен е импресивен базен за гостите, кој се наоѓа на 77 кат, на речиси 300 метри надморска височина, што е рекордна височина за еден базен, потврден и од Гинисовата книга на рекордите.
Базенот е долг 94,84 метри и широк 16,5 метри, односно двојно е подолг од димензиите за олимписките базени.
Отворен е само за гостите од хотелот повозрасни од 21 година, но во прекрасниот поглед може да се ужива и доколу се резервира место во „ Zeta Seventy Seven“, фјужн азиски ресторан, наречен така бидејќи како и базенот се наоѓа на 77-от кат од хотелот.
Меѓутоа, височината на којашто е изграден базенот не е единствената причина којашто на неговите сопственици им ја донесе престижната титула на Гинисовиот рекорд.
Имено, „Address Beach Resort“ заедно со „Address Beach Residences“ сместен е во две кули кои се поврзани во подножјето и уште еднаш со „небески мост“ во делот од 63 до 77 кат. Во тој дел од кулите, на височина од близу 300 метри се наоѓаат и луксузни станови и апартмани, што исто така е впишано во Гинисовата книга на рекордите.
Импресивниот објект наречен „Jumeirah Gate“ беше отворен во декември 2020 година, и претставува уште една од низата архитектонски атракции во Дубаи.