Главниот оперативец на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани откри дека пред неколку дена имал состанок со новиот предводник на „росонерите”, Кларенс Сидорф и дека за време на истиот двајцата дошле до заклучок дека е потребна голема „чистка” кога е во прашаер првиот тим и дека истата ќе се случи за време на летниот преоден рок.
„Постојано разговарам со Сидорф, разменуваме мислеље за неколку теми. На двајцата ни е јасно дека новата формација бара и нови фудбалери. Имаме потреба од фудбалери кои совршено ќе функционираат во новата формација. Ќе има многу промени за време на летниот преоден рок. Ќе мора да се ослободиме од неколку фудбалери на кои не им одговара оваа формација”, изјави потпретседателот на Милан.
Италијанските медиуми се убедени дека излезната врата од „Сан Сиро” ќе им биде покажана на Робињо, Бонера, Констант, Поли, Мексес и Амелија.