Ганц ја одби понудата на Нетанјаху за коалиција

Центристичката Сино бела парија на Бени Ганц денеска ја одби понудата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за формирање на широка владејачка коалиција.

– Нема да влегуваме во коалиција предводена од Нетанјаху, изјави претставникот на Сино белата партија Моше Јалон.

Нетанјаху претходно ја навести можноста за ротирачко претседавање на Владата со Ганц, откако го повика да формираат широка коалиција.