Некогашниот светски првак во шах и остар критичар на политиките на рускиот претседател Владимир Путин, Гари Касправо доби хрватско државјанство.
Српската новинска агенција Бета, јавува дека државјанството на Каспров му е дадено врз основа на член од Законот за државјанство кој што предвидува дека странец може да стане државјанин, ако тоа е во интерес на Хрватска.
Риjечкиот весник „Нови лист“ неодамна објави дека Каспаров побарал државјанство од Хрватска поради проблемите кои, поради борбата против власта на Владимир Путин, ги има во Русија, каде беше апсен повеќепати.
Каспров во последните неколку години често престојувал во Хрватска, има куќа во Макарска, а планира во наредните месеци да отвори шаховска академија во Опатија.