После ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДСМ. Сега Димитар Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива, кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ, поддржана од СДСМ, изјави Христијан Мицкоски за Канал 5.
Тој очекува да има расправа на утрешната седница на Собранието за разрешувањето на тројцата министри од претходниот состав на владата на Димитар Ковачевски.
– Утре во 10 часот ќе имаме координација со пратеничката група на која ќе присуствувам и јас и таму ќе ги заземеме позициите кои потоа ќе треба да се бранат на собраниската седница – изјави Мицкоски.
Toj нагласи дека „ова е сѐ, само не е човечки политички и морален чин“ и додаде дека „антидатирањето на документите е криминал“, па вети дека некој за тоа еден ден ќе одговара.