Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во неговото гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат-м, на прашањето дали доколку не успеат во преговорите со Алијанса за Албанците, би оделе на избори со заеднички листи со СДСМ, Гаши одговори дека оваа е една од темите кои ги дебатираат и анализираат во партијата.
„Оваа е една тема која сме ја дебатирале и во партијата а и јавно се зборува дека може да се случи такво нешто, но ние сме сеуште во фаза на размислување или анализа, и СДСМ ја прави истата работа, и ние исто така, толку повеќе што ние моментално сме заинтересирани коалицијата да се направи во албанскиот блок за да добиеме кај Албанците. Но доколку сите тие не бидат успешни, може да остане како варијанта таа анализа, но откако ние ќе бидеме убедени дека албанците прифаќаат такво нешто. Ние сакаме да знаеме како би се однесувале тие во однос на една таква коалиција. Ова е важно бидејќи на крајот на краиштата ние постоиме заради граѓаните. Ако тие сакаат една таква коалиција, ако според анкетите и анализите секонстатира дека тоа е за доброто на Албанците, на државата, граѓаните, ние сме таму да донесеме храбри одлуки“, рече Гаши.
Тој исто така додаде и дека не му фали храброст за да склучи една таква коалиција со СДСМ но претходно ваквата одлука треба да се продискутира со граѓаните кој што секојдневно ги среќава преку кампањата „Огниште“.
„Мене не ми фали таквата храброст, но ние треба да бидеме убедени. Затоа и кога ги среќаваме граѓаните секоја вечер преку кампањата „Огниште“ која ја спонмнав претходно, ние ги дискутираме и овие работи. Јас сакам во очи да ги гледам граѓаните, и од нив да ги добијам одговорот за тоа како се чуствуваат и што сакаат. Тоа што јас го имам како фидбек досега е дека Албанците е побезбедно се чуствуваат во една албанска коалиција, но има поединци, места во зависност и од населените места дали се етничко мешани или не, се разликува и одговорот“, потенцираше Гаши.