Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, ќе го предводи Наполи, од каде претходно беше отпуштен Карло Анчелоти. Гатузо ќе потпише шестмесечен договор со Неаполитанците со опција да се обновува за една сезона – во случај на влез во Лигата на шампионите, пренесува „Скај спорт Италија“.
До крајот на тековната сезона, 41-годишниот специјалист ќе заработи 1,5 милиони евра, а во следната – 3 милиони. Тој претходно одби понуди од Фиорентина, Џенова и Сампдорија.
Наполи под водство на Анчелоти избори учество во плеј-офот од Лигата на шампионите. По 15 кола, клубот го зазема 7. место во Серија А.