Гатузо не чита што се пишува за него

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, емотивно реагираше на новинарско прашање во врска со негова можна оставка.

– Ме убива секој ден кога на крајот на првенството ќе завршиме втори на табелата. Не мислам дека некои критики кон играчите се соодветни. А веќе не читам ниту за мене што пишуваат. Отсекогаш сум имал добри односи со секого, не негирам, во последните две-три недели бев разочаран. Но, јас не сум лицемер, и натаму уживам многу почит. И никогаш не бев принуден да се повлечам – изјави Гатузо за „Скај Спорт Италија“.

По 20 одиграни кола во Серија А, Наполи го зазема 5. место со 37 бода, девет помалку од лидерот Милан, но и натпревар помалку.

На 3 февруари, избраниците на Гатузо ќе се соочат со Аталанта во полуфиналето на Купот на Италија.