Најзаслужниот за новата, четврта, светска титула, стрелецот на победничкиот погодок, Марио Геце, по натпреварот изјави дека не може да поверува дека после неговиот удар во 113 минута, топката завршила во аргентинската мрежа.
„Не можам да ви опишам како се чуствам. Ова е нешто невидено, уникатно чуство. Искрено, не знаев што се случува во таа ситуација. Јас само упатив удар кон противничкиот гол. Потоа не ми се веруваше дека топката заврши во аргентинската мрежа. За Германија, сонот стана реалност. Горд сум на мојот тим, горд сум на моите репрезентативни колеги. Среќен сум поради се тоа што ни се случи во Бразил. Сите заслужено го носиме овој дрес на Германија, сите заслужено ја слават светската титула. Горди сме на овој трофеј, но време е за вистинско славје со нашите најверни фанови”, изјави фудбалерот на Баерн (М).