Она што досега не слушнавме во македонските гласила е дека една од седумте главни точки на „тиранската платформа“ е и барањето на Албанците за создавање „интегрирано гранично управување“ на границите со Косово и Албанија, што е всушност обид за елиминирање на границите и за правење Голема Албанија, изјави за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија,Емилија Гелева, геополитички аналитичар.
Притоа Гелева додава оригинално ова е концепт на НАТО од април 2002 година што тие сакаа да биде преточен во декларација на една нивна замислена регионална конференција за безбедност чиј домаќин, на предлог на НАТО, би била Македонија, додава таа.
Идејата во Скопје ја презентираше Роберт Сери, тогашен директор на НАТО за операции и управување со кризи. Декларацијата предвидуваше формирање заеднички гранични патроли меѓу Македонија и Албанија и Македонија и Косово, како да се на „една држава, додава Гелева.
Говорејќи за значењето на Тиранската платформа и заложбите и на овој важен октроиран документ на Тирана и кон се што води Гелева со став:„ Тоа беше првиот обид на НАТО за правење „Голема Албанија“, со манипулативни документи. Мислеа дека носејќи го Бранко Црвенковски на власт, во септември 2002, ќе успеат уште не влезен во кабинетот набрзина да го „сматат“ документот. Роберт Сери, уште не прогласени официјално резултатите од изборите на 16-ти Септември во Скопје се сретна со Црвенковски и потоа изјави дека договориле одржување конференција за „интегрално гранично управување“.
На крајот геополитичкиот аналитичар Гелева ја разобличува заложбата на СДСМ и Зоран Заев за по секоја цена Тиранската платформа да биде реалност е токму тоа Ферерација на Македонија без граници меѓу двата ентитета во Тирана и Приштина или Голама Албанија.изјави Емилија Гелева, геополитички аналитичар за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија.