Началникот на Генералштабот на украинската армија, генерал-полковникот Валериј Заслужни и командантот на копнените сили, генералот Александар Сирски се изјасниле за продолжување на борбите во Бахмут (Артјомовск, на руски) и утврдување на позициите во градот.
Ова во понеделникот го соопшти службата за односи со јавноста на украинскиот претседател Володомир Зеленски по појавувањето на информацијата во медиумите за несогласувањата со Заслужни во поглед на ситуацијата и останувањето на украинските војници во Бахмут.
„Особено детално ја разгледаа ситуацијата во Бахмут. Оценувајќи го текот на одбранбената операција, претседателот ги прашал врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни и командантот на оперативно-стратешката група трупи ‘Хортица’ Александар Сирски за натамошни дејства во насока на Бахмут. Тие се изјаснија за продолжување на одбранбената операција и дополнително зајакнување на нашите позиции во Бахмут“, се вели во соопштението од кабинетот на Зеленски.
Претходно во понеделникот германскиот дневен весник Bild, повикувајќи се на свои изводи, објави дека ситуацијата во врска со Бахмут за која претходно Зеленски потврди дека е „критично тешка“, предизвикала спор меѓу претседателот и главниот командант.
Според весникот, Заслужни пред неколку седмици зборувал со Зеленски за потребата украинските сили да се повлечат од Бахмут, како што советуваат од САД уште во јануари кога беше јасно дека градот ќе падне во опколување на руските единици. Меѓутоа, Зеленски имал поинаков став за ова прашање.,
Во неделата американскиот дневен весник The Wall Street Journal објави дека изминатите месеци украинската војска во борбите за Бахмут загубила неколку од своите најобучени единици. Во написот се нагласува дека податоците за загубите се класифицирани, но некои украински функционери, под услов да останат анонимни, признаваат дека се значителни. Офицерите во некои други бригади, наведува WSJ, велат дека неколку единици, меѓу кои и некои од најдобро обучените, биле тешко поразени во борбите за Бахмут. Весникот, исто така, не ги прецизира податоците за загубите и размерите на уништените единици кои му биле соопштени.
Руската војска проценува дека во моментов во Бахмут кој бил добро утврден изминатите години има повеќе до 10.000 украински војници, а според некои процени во еден момент на војната имало и до 70.000 украински борци, колку што имал и жители пред војната.
Функционерот на проруските сепаратисти од Доњецк, Јан Гагин во понеделникот изјави за руските медиуми дека „некои украински единици веќе го напуштија градот, некои се обидуваат да го напуштат“, но дека тоа е опасно како и обидот да се дотури муниција и жива сила во градот, бидејќи руските сили ги контролираат сите приоди кон Бахмут.
„Не исклучувам дека ќе се направат обиди да се пробие во Артемјовск (Бахмут) за да се достави нешто, да се достави муниција. Исто така, ќе има обиди и да се излезе од таму, вклучително и со борби, за да се дојде до Часов Јар“, смета Гагин.
Во четвртокот Серхи Рахманин, член на комисијата за национална безбедност, одбрана и разузнавање на Врховната Рада (украинскиот парламент) изјави дека ситуацијата во Бахмут е „критична“ за украинската војска. Според него, од воен аспект „нема смисла да се брани“ градот „по секоја цена“. Рахманин потврди дека руските сили всушност ги прекинале сите правци за снабдување на украинските групации. Но ден претходно украинската заменичка на министерот за одбрана Ана Малјар објави дека Киев решил во Бахмут да испрати нови единици со намера да ги исцрпи руските сили за натамошен продор кон централна Украина.
Во написот се нагласува дека податоците за загубите се класифицирани, но некои украински функционери, под услов да останат анонимни, признаваат дека се значителни. Офицерите во некои други бригади, наведува WSJ, велат дека неколку единици, меѓу кои и некои од најдобро обучените, биле тешко поразени во борбите за Бахмут. Весникот, исто така, не ги прецизира податоците за загубите и размерите на уништените единици кои му биле соопштени.
Во четвртокот Серхи Рахманин, член на комисијата за национална безбедност, одбрана и разузнавање на Врховната Рада (украинскиот парламент) изјави дека ситуацијата во Бахмут е „критична“ за украинската војска. Според него, од воен аспект „нема смисла да се брани“ градот „по секоја цена“. Рахманин потврди дека руските сили всушност ги прекинале сите правци за снабдување на украинските групации. Но ден претходно украинската заменичка на министерот за одбрана Ана Малјар објави дека Киев решил во Бахмут да испрати нови единици со намера да ги исцрпи руските сили за натамошен продор кон централна Украина.
Западните воени аналитичари, пак, во последно време го минимизираат стратешкото значење на Бахмут, иако станува збор за јазол значаен за логистиката на единиците и од кој се отвора патот и кон северот на фронтот и кон централна Украина. Но има и такви коишто предупредуваат дека во борбите за градот украинската војска загубила премногу припадници од своите борбено најподготвени единици, потсетувајќи дека САД уште пред два месеца го советуваа Зеленски да ги повлече тие единици од Бахмут и да ги сочува за најавената пролетна офанзива.
Борците на приватната воена компанија „Вагнер“ и припадниците на проруската доброволечка милиција од Доњецк речиси целосно го опколија градот Бахмут (Артејмеовск, на руски), а во петокот основачот на компанијата Евгениј Пригожин повикувајќи ги украинскиот претседател Володомир Зеленски да ги спаси животите на неподготвените војници, а истовремено од Киев се наведува дека украинските сили во околината на градот ископале нови ровови во обид да ги задржат руските напади.