Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе стане нов директор на Водовод?

Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, објави „Фокус“.

Глигоров можеше да се забележи во нејзина близина и кога упадна на прес-конференцијата на поранешниот директор Златко Перински во просториите на „Водовод и канализација“, сакајќи уште еднаш да го обвини дека го местел тендерот од 136 милиони евра за пречистителната станица.

Ако на 1 октомври Глигоров седне на директорското столче во ЈП „Водовод и канализација“, тој ќе биде четврти директор на ова претпријатие за само две години, откако актуелната градоначалничка управува со Град Скопје.