Најпопуларната и најочекувана манифестација од нашата поранешна и сегашна земја , Златна Бубамара на популарноста го најавува 17-то издание со еколошки монетарен слоган: Од пари се живее – не од воздух!
Организаторите најавуваат дека следната Златна Бубамара ќе се одржи традиционално во третата недела од февруари.
„Организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето (современи), да користат голема авто цензура и на настанот да дојдат без своите автомобили …. Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое хумано опшество, и додека го чекаме тој убав ден , бараме да ќутите , слушате радио и дишете по дома. Од штабот на популарното Радио Бубамара најавуваат дека овој голем медиумски празничен ден, повторно ќе биде во знакот на непредлива сатира, пристоен хумор, добра музика и аплаузи за сите добитници меѓу кој и најголемите македонски и балкански звезди“, се вели во соопштението од организаторот.
Ранко Петровиќ, автор и режисер на Златна Бубамара на популарност вели дека и секогаш и претстојната Златна Бубамара ќе ја раскаже изминатата година во свој препознатлив стил.
„Ја дијагностицира и лекува нашата реалности и опшествена стварност. Во измнинатите години создававме тематски различни идеолошки бубамари: затворска, транзициска, европејска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка. За оваа година нашата програма повторно ќе биде – вкусно природно овошје создадено од овоштарникот на нашите најпопуларни личности и уметници кој создаваат богатство на нашата душа“, вели Петровиќ.
Билетите ќе се продаваат од 12-ти јануари преку МКТИКЕТС.