Генетските траги на SARS-CoV-2 упатуваат на вештачко потекло на коронавирусот, пишува WSJ

Кај новиот коронавирус SARS-CoV-2 првпат идентификуван во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, има генетска трага којашто ја нема природниот коронавирус, се наведува во статијата на докторот Стивен Квеј и професорот по физика на Калифорнискиот универзитет во Беркли, Ричард Мјулер, објавена во весникот The Wall Street Journal.

Стручњаците во новиот коронавирус ја откриле секвенцата (редоследот/ низата) на геномот во комбинацијата CGG-CGG. Научниците често ја користат за зголемување на заразноста и леталноста на вирусите, и тоа е еден вид сигнал дека вметнувањето („влошката“) е направено во лабораторија, оценуваат.

Во природата CGG-CGG се среќава исклучително ретко. Според Квеј и Мјулер, кај природните коронавируси SARS или MERS не постои таквата низа. Велат дека во тој случај новиот коронавирус едноставно не можел да ја добие самостојно.

„Всушнот, во целата класа коронавируси, која го вклучува и CoV-2, никогаш не е најдена комбинацијата CGG-CGG која би се појавила по природен пат. Тоа значи дека вообичаениот начин на кој вирусите ги стекнуваат новите навики не функцинира во овој случај“, сметаат научниците.

Оттаму, поборниците на зоонозното потекло (за тоа дека патогенот се пренел на човек од животно) треба да објаснат зошто SARS-CoV-2 за време на мутацијата и рекомбинацијата ја избрал најмалку пожелната секвенца – двојната низа CGG, се вели во написот.

„Зошто вирусот ја повторил комбинацијата којашто би ја направиле истражувачите во лабораторија? Да, тоа можело да се случи сличајно. Но, дали верувате во тоа?“, прашуваат Квеј и Мјулер.

Како уште еден доказ за вештачкото потекло на коронавирусот американските научници ја наведуваат острата разлика во неговата генетска разновидност, во споредба со коронавирусите кои ги предизвикуваат респираторните синдроми SARS и MERS. Последните два имаа природно потекло. Ширејќи се меѓу луѓето, тие започнале брзо да еволуираат во најзаразните форми.

Но SARS-CoV-2 се однесуваше поинаку: се појави кај луѓето веќе прилагоден, во екстремно агресивна верзија. Неколку месеци немаше никакви сериозни мутации. Првата таква промена беше откриена во Англија, потсетуваат научниците.

Случајот е без преседан, сметаат Квеј и Мјулер: тоа покажува дека новиот коронавирус минал низ долг период на адаптација пред да се прошири меѓу населението. Постои само еден начин да се направи вирусот таков – да се симулира неговата природна еволуција и да се одгледува на човечки клетки за да се постигне максимална ефикасност. Тоа го прават лабораториите кои ги проучуваат мутациите на вирусите со стекнување функции, додаваат авторите на статијата.

„Присуството на низата CGG во CoV-2 е убедлив доказ за сплејсингот (спојување) на гените (…) Научните докази покажуваат дека коронавирусот е развиен во лабораторија“, заклучуваат американските научници.

Претходно британскиот професор Ангус Далглиш и норвешкиот виролог Биргер Соренсен изјавија дека кинеските стручњаци специјално го развиле SARS-CoV-2, а потоа се обиделе да ги „сокријат своите траги“.

Според нив, научниците од Институтот за вирологија во Вухан (WIV) сакале да го направата природниот вирус позаразен, така што брзо ќе се размножува во човековите клетки. За да се направи тоа, на коронавирусот му бил доадена нов „шилец“. Карактеристичниот белег за ваквата манипулација е серијата од четири аминокиселини коишто Далглиш и Соренсен ги нашле во „шилецот“ на SARS-CoV-2 преку кој продира во човековите клетки. Според овие двајца истражувачи, ваквата низа е исклучително малку веројатна кај природните вируси.

Кина повеќепати истакнуваше дека има транспарентна и одговорна позиција во однос на појавата на коронавирусната болест Covid-19 која предизвика глобална пандемија. Како што истакнуваа од кинеското министерство за надворешни работи, од самиот почеток на пандемијата Пекинг спроведувал истражувања, го идентификувал патогенот и ги објавил сите клучни податоци.

Коментирајќи ги намерите на САД да продолжат со истражувањата за потеклото на SARS-CoV-2, при што повеќе од една година се алудира на неговото наводно потекло и „истекување“ од лабораториите во Вухан, портпаролот на кинеската дипломатија Жао Лиџијанг оцени дека станува збор за политичка игра и обид вината за лошото справување со епидемијата во Америка да им се префрли на други.