Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси и била скршена

Георгина Родригез откри дека имала три спонтани абортуси пред да почине нејзиниот новороден син со Кристијано Роналдо во април минатата година.

Во продолжение на својот документарен филм I Am Georgina, вереницата на Кристијано Роналдо раскажа како била загрижена за време на бременоста со близнаците токму поради претходните спонтани абортуси. Георгина ги опишала првите месеци од бременоста како „страшен период“, бидејќи, како што вели, постојано повраќала и била многу поспана, пренесува El Español. Секоја посета на гинеколог, се сеќава таа, била исполнета со страв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

“Многу се плашев од секој ултразвук пред раѓањето на близнаците. Се чувствував многу напнато бидејќи имав три спонтани абортуси. Бев скршена”, изјавила Георгина и се присетила на денот кога родила близнаци, момче и девојче. Бела е родена здрава, а нејзиниот брат близнак починал за време на породувањето.

“Тие се родија во понеделникот на Велигден. Дојде најочекуваниот момент и моето срце застана. Бела се роди силна и здрава, но парче од моето срце одлета”, се присетила манекенката и открила како првично се обидела да ја сокрие смртта на бебето од нејзините деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

“Им кажав дека Ангел ќе почека уште малку, дека подоцна ќе се роди. Но Кристијано им кажа дека Ангел е во рајот”, рекла Георгина и признала дека по смртта на нејзиниот син, “никогаш повеќе нема да биде иста. Во документарецот таа кажа дека нејзиниот вереник Кристијано Роналдо е нејзиниот најголем поддржувач.