Селекторот на Германија, Јоаким Лев потврди дека има уште неколку фудбалери кои се жалат на зголемена температура и болка во грлото, но истите ќе бидат во комбинација за денешниот 1/4 финален дуел против селекцијата на Франција.
„Една-третина од фудбалерите се жалеа на зголемена телесна температура, се жалеа на болка во грлото. Мислам дека моите фудбалери не се адаптираа толку лесно на разлижните временски услови. Матс Хумелс веќе неколку дена тренира со зголемена температура, но сите репрезентативци на Германија го одработија последниот тренинг пред дуелот против Франција со полна пареа. Уште се настинати, се чуствуваат исцрпено, но ќе бидат подготвени за игра, ќе дадат се од себе и на дуелот против Франција”, изјави Лев.