Германија е првата репрезентација која обезбеди место на Европското првенство откако Панцерите имаат максимални шест бода од две кола. Иако играа на свој терен, Германија овојпат официјално ја имат улогата на гостин. Фактот дека Унгарците решија да играат во бели дресови, значеше дека Германија мора да игра во гостинската верзија на дресови, кои имаат розева боја.
Многу фанови на социјалните мрежи реагираа како може Германија да игра во вакви дресови кои се со некарактеристична боја. Овој дрес е најпродаван гостински дрес на Германија, па националниот тим решил барем еден дуел на ЕП да одигра во оваа комбинација, за дополнителна промоција.
Во третото коло Германија повторно ќе биде како гостин против Швајцарија, а јасно е дека Швајцарците ќе играат во нивните црвени дресови, што значи дека Германија ќе биде во белиот дрес кој е прва опција за некогашниот европски и светски првак.