Германците повеќе му веруваат на Макрон отколку на Меркел и сметаат дека Трамп е поопасен од Путин, Кси и Ким

Russian President Vladimir Putin shakes hands with US First Lady Melania Trump, left, next to US President Donald Trump, German Chancellor Angela Merkel and French President as he arrives to attend a ceremony at the Arc de Triomphe in Paris as part of commemorations marking the 100th anniversary of the 11 November 1918 armistice, ending World War I, Sunday, Nov. 11, 2018. (Ludovic Marin/Pool Photo via AP)

Германците повеќе имаат доверба во францускиот претседател Емануел Макрон отколку на германската канцеларка Ангела Меркел, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение што го спровела британската истражувачка компанија Kantar.

Резултатите од анкетата, спроведена по нарачка на медиумската мрежа Funke, го пренесе во средата Berliner Morgenpost, дневен весник кој е во состав на споменатиот концерн.

Податоците од истражувањето покажуваат „прилично голема“ доверба во францускиот претседател Емануел Макрон кај 57 отсто од испитаниците, додека германската канцеларка Ангела Меркел ужива за четири процентни поени помала доверба кај своите сонародници. Истовремено 44 отсто од испитанциите рекле дека довербата во канцеларката им е „прилично мала“, додека 32 отсто од нив изразиле такво мислење во однос на францускиот челник.

Испитаниците биле прашани и за нивниот став кон лидерите на седум земји во светот. Последното место на ова рангирање го споделуваат претседателите на САД и на Турција, Доналд Трамп и Реџеп Тајип Ердоган, на кои им веруваат 6 отсто од испитаниците во Германија. Рускиот претседател Владимир Путин е на средината од листата по австрискиот канцелар Себастијан Курц а пред британскиот премиер Борис Џонсон.

Оваа анкета е спроведена во периодот од 12 до 19 декември, и со неа биле опфатени 1.024 испитаници.

Во одвоената анкета која ја нарачала новинската агенција DPA повеќе од две илјади Германци дека американскиот претседател Доналд Трамп го сметаат дека е поопасен од рускиот колега по должност Владимир Путин, од кинескиот Кси Џинпинг, севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и иранскиот врховен водач Ајатолахот Али Хамнеи.

Дури 41 отсто од испитаниците одговориле дека Трамп претставува најголема закана за светскиот мир од сите пет светски челници. Од друга страна, 17 отсто сметаат дека Ким претставува најголема закана, а за Путин тоа го сметаат 8 отсто. За најмала опасност испитаниците го сметаат Кси – 7 отсто.

Податоците се изменети од минатата година, кога во сличното истражување спроведено до YouGov беа наведени само Трамп, Ким и Путин. Тогаш 48 отсто од испитаниците сметале дека претседателот на САД е најголемата закана за светскиот мир.

Ова годишно истражување е спроведено во периодот од 16 до 18 декември, и во него учествувале 2.014 лица во Германија.