Германците сметаат дека Трамп е поголема закана за светскиот мир отколку Путин

Речиси две третини од Германците сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп е поголема закана за светскиот мир отколку рускиот претседател Владимир Путин, покажа истражувањето објавено во пресрет на нивниот самит во понеделник во Хелсинки.

Трамп и Путин во понеделникот ќе разговараат за јакнењето на многу нарушените односи меѓу двете светски суперсили.

Повеќето од севкупно 2.052 испитаници во анкетата на YouGov објавена во неделата вели и дека Путин е симпатичен, покомпетентент и помоќен од Трамп.

Само 5 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп е покомпетентен челник, а дури 56 отсто од нив тоа го сметаат за Путин, додека остатокот не одговорил.

Ова истражување на јавното мнение покажало дека и повеќето Германци сметаат дека Путин е помоќен, 43 наспроти 25 отсто, иако САД воено и економски се посилни од Русија.

Севкупно 64 отсто од испитаниците мислат дека Трамп е поголема закана за светскиот мир, отколку што тоа го сметаат Путин, односно 16 отсто.