Германија ја повикува ЕУ да го запре бранот мигранти од Белорусија

Германија во вторникот ја повика Европската унија да преземе мерки за да помогне да се запре бранот мигранти на границата на Полска коишто доаѓаат преку територијата на соседна Белорусија.

„Полска или Германија не можат самите да се носат со тоа. Мораме да ѝ помогнеме на полската влада да ја обезбеди надворешната граница (на ЕУ). Тоа би требало да биде работа на Европската комисија. Сега ја повикувам да преземе мерки“, изјави за весникот Bild германскиот министер за внатрешни работи во заминување Хорст Зехофер.

Апелот го испратио откако Полска објави дека во понеделникот го спречила обидот на ститина мигранти илегално да ја минат нејзината граница од Белорусија, но и истакна дека илјадници други и натаму се собираат, откако белорускиот претседател Александр Лукашенко уште во мај порача дека, како одговор на санкциите кои против неговата земја ги воведе ЕУ поради наводната репресија на протестите против него поддржани од Западот што Микск го отфрла, повеќе нема како претходно да ги спречува мигрантите кои сакаат преку белоруската теротирија да навлезат во западните земји на Унијата.

Белориските медиуми објавија, пак, дека во понеделникот неколку илјади илегални мигранти главно од земјите на Блискиот исток и Северна Африка, меѓу кои и жени и деца, од територијата на Белорусија се упатиле кон границата со Полска. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како мигрантите се обидуваат да им објасната на полските погранични сили дека бегаат од своите земји за да си ги спасат животите, и како се обидуваат да ја скршат оградата и да ја исечат бодликавата жица. Како одговор послите безбедносни сили употребија солзавец.

Ноќта кон вторникот илегалните мигранти поставија шатори во близина на гранцата и запалија огнови. Белоруските погранични сили известија дека ноќта се слушале истрели кои доаѓале од полската страна на границата. Изминатиот период тела на неколку починати мигранти беа најдени на територијата на Полска близу границата. Активистите за човековите права, како и Европската комисија ја критикуваа Варшава, како и другите балтички земји, за употребата на сила против мигрантите и бараа истражување на инцидентите.

Во споменатиот разговор за Bild, германскиот министер Зехофер вели дека ја поддржува одлуката на Полска донесена претходните месеци да подигне ограда на границата со Блерусија.

„Не можеме да ја критикуваме (Полска) за тоа што ги брани надворешните граници на ЕУ. Не, секако, користејќи огнено оружје, но да со други достапни начини“, додаде германскиот министер.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави во понеделникот дека белоруските власти „со искористувањето на мигрантите прават притисок на Европската унија нме,а да ги исполнат своите цели“.

Фон дер Лејен изјави дека разговарала со премиерите на Полска, Литванија и Латвија – Матеуп Морвјеци, Ингрид Шимоните и Кришјанис Каринш, за да им ја изрази солидарноста на ЕУ. Било разговарано за мерките кои ЕУ би можела да ги преземе за да им помогне да се соочат со оваа криза.

Челничката на ЕК ги повика државите членки на блокот да ги прошират санкциите против Белорусија „поради овој хибриден напад“. Најави дека Комисијата ќе разговара со специјализираните агенции на Обединетите нации за начитените за спречување на хуманитарната криза, какои за да се обезбеди сигурно враќање на мигрантите во земјите од кои дошле.