![Olaf-Scholz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/Olaf-Scholz.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Олаф Шолц ќе ја предводи трипартиска коалиција која ќе ја води Германија кон зелена економија. Ваков договор постигнаа Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи, со што и офиијално завршува 16-годишното владеење на Ангела Меркел.
Договорот на трите партии е постигнат речиси два месеци откако социјалдемократите победија на сојузните избори.
Политиката за заштита од климатски промени е основа на коалицискиот договор, наведува Би-би-си и посочува на делот кој предвидува да се стави крај на употребата на јаглен во фази до 2030 година, осум години пред предвиденото.
Тие, исто така, ќе работат на искористување на два отсто од германската територија за ветерници, како и на фокусирање на земјата кон водородната енергија. Трите партии сакаат 80 отсто од енергијата да се произведува од обновливи извори до 2030 година.
Се планира и легализирање на продажбата на канабис во лиценцирани продавници, со контрола на квалитетот и дистрибуцијата.
Германија е најголемата европска економија, поради што политиките на новата влада ќе имаат големо влијание врз нејзините соседи.