Германија, Франција и Швајцарија под вода, има и повредени

Невреме со поројни дождови зафати дел од европските земји. Швајцарија, делови од Германија и источниот дел на Франција се практично под вода. Некои градови се парализирани. Германските медиуми јавуваат дека сообраќајот во Штутгарт речиси и да не функционира воопшто. Возовите на Дојче Бан не сообраќаат, јавуваат од компанијата

Силното невреме во регионот, е пропратено со силен ветер од 100 км./час, за среќа медиумите не јавуваат за човечки жртви. Но, во Швајцарија има пет повредени лица.

Противпожарните екипи се соочуваат со бројни повици и во регионите на Северна Рајна Вестфалија и Баварија.