Германија во понеделникот не го исклучи проширувањето на засилената контрола на границата кон Франција, бидејќи новите соеви на коронавирусот започнале брзо да се шират во источниот француски регион Мозел по течението на истоимената река, откако Париз повика да не е затвораат границите.
На прашањето во врска со епидемиолошката ситуација во Франција, Штефен Зајберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел, на редовниот брифинг за новинарите во понеделникот изјави дека Берлин „продолжува да ја следи ситауцијата и континуирано да ги преиспитува своите мерки за сузбивање на пандемијата“.
Додаде дека затворањето на границите „не се нормални“ и дека се „крајна неопходност“, но и истакна дека Германија се наоѓа во „ситуација во којашто мора да стори сѐ за да спречи поагресивните мутации на вирусот брзо да се прошират во земјата, како што се проширија на други места“.
Францускиот министер за европски работи Клемен Бон, малку претходно во понеделникот ја повика Германија да не ги затвора границите со Франција, како што тоа го стори во неделата кон Австрија и Чешка на чии гранични премини воведе исклучително строги контроли за влез во земјата.
„Не сакаме Германија сосема да ги затвори границите“, рече министерот Бон и додаде дека затворањето на границата би требало да се воведе во координација со Франција и дека мерката мора да вклучува „далекусежни изземање колку што е тоа можно“ за да се заштитат работниците кои работат од другата страна на границата.
Германија во неделата ги затвори дел од граничните премини со Чешка и со австриската покраина Тирол поради брзото ширење на новите соеви на коронавирусот во овие региони, и покрај осудите и критиките од Европската унија за овој потег.
Според новите пропис, само Германците и државјаните со легален престој во земјата смеат да ја минат границата. Исклучоци се прават за неопходните работници во здравството и сообраќајот, како и поради итни хуманитарни причини. Стие мора да имаат негативен тест на коронавирусот.
Граничните контроли предизвикаа во понеделникот претпладнето километарски контроли на граничните премини со Чешка. Некои возачи морале да чекаат со часови. Застои кон австриски Тирол, пак, немало.
Поради овој потег на Германија, австриското министерство за надворешни работи го повика на разговор германскиот амбасадор во Виена.
Портпаролот на германското министерство за внатрешни работи ги отфрли во понеделникот критиките од Европската унија, порачувајќи дека германската политика ги комбинира „европското размислување со локалните потреби“.