Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, ја отфрли можноста за забрана за увоз на руски гас, бидејќи Берлин не верува дека енергетското ембарго ќе ја натера Русија да се откаже од воената акција во Украина.
„Ако наметнувањето на целосно ембарго утре може да ја запре оваа војна, тогаш тоа ќе го направиме веднаш. Таквата забрана само би ја зголемила цената на оваа војна. Но, нема да може да го запре убиството“, рече Баербок во интервју за германскиот сервис Тагесшау во понеделникот вечерта.
Највисокиот дипломат на Берлин увери дека ЕУ на крајот ќе се откаже од увозот на енергија од Русија, но за тоа ќе биде потребно време. Таа вети дека во следните неколку дена Брисел ќе разговара за ова прашање. Според Баербок, ЕУ како целина работи на тоа да стане помалку зависна од рускиот гас. Како членка на партијата на Зелените, таа верува дека во блиска иднина ќе биде иницирано целосно исфрлање на фосилната енергија од Русија.