![muzej drezden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/muzej-drezden.jpg?resize=645%2C430&ssl=1)
Германските власти нудат награда од половина милион евра за информација која би довела до пронаоѓање на единствената колекција на драги камења и накит од 18 век украдени од Музејот во Дрезден.
Големиот дијамантски брош и другиот накит се украдени и изнесени од „Зелениот трезор “ во Дрезден во понеделникот наутро.
Полицијата и обвинителите соопштиле дека „ќе пребараат под секое дрво и камен за да го решат грабежот на векот“.
Тим од 40 истражители работи на решавање на грабежот на векот.
„Зелениот трезор е основан во 1723 година и ви својата ризница содржел околу 4000 предмети од злато и драги камења.