Спротивно од првичните ветувања, алијансата од земјите коишто ќе ја снабдат Украина со тенкови за справување со руските трупи ќе може да испорача само половина баталјон од модерната верзија тешки офанзивни тенкови „Leopard 2 A6“, изјави во средата германскиот министер за одбрана Борис Писториус на маргините на состанокот со своите колеги од НАТО во Брисел.
„Ќе бидат доставени половина баталјон (Leopard 2) A6 и еден баталјон А4. И на тоа ќе се до почетокот на следната година ќе се придодадат 120 (тенкови) Leopard 1 A5, коишто ве молам да не ги потценувате“, изјави Пистериус за новинарите мислејќи на првите испораки на современите западни тенкови за Украина којашто, според различни извори во едногодишната војна со Русија загубила големо мнозинство од околу 2.500 тенкови од советско и постоветско производство колку што се проценуваше дека ги поседува украинската војска пред конфликтот.
Берлин го објави плановите за создавање ткн „тенковска алијанса“ од земји кои имаат намера да ги испорачаат своите тенкови од германско производство. Самата Германија наведе дека би можела да испрати два баталјони тенкови „Leopard 2“ во Украина, што е околу 90 возила според германската верзија на формацијата, односно 60 во украинската. Подоцна германската влада прецизираше дека тоа треба да се сфати од аспект на земјата од каде се предаваат тенковите.
Германскиот весник Die Welt објави дека Холандија и Данска нема да е приклучат на „тенковската алијанса“, што би довело до намалување на ветените тенкови. Писториус потврди дека Холандија ќе се ограничи на испорака на муниција за тенковите, додека Данска сѐ уште ги проценува опциите за своето учество.
Според германскиот министер за одбрана, на Украина ќе ѝ бидат испорачани пет до шест баталјони. На новинарско прашање што ќе преставува од половина баталјон (30 тенкови) за Украина оваа година, Писториус посочи прашањето да му биде поставено на Киев.
Ден претходно Писторуис дека ситуацијата во врска со испораките на тенковите „не е многу одушевувачка во однос на нејзиниот успех“. Денеска тој појасни дека неговата процена не е променета, па затоа само „поголем дел“ од тенковите „Leopard 2“ ќе бидат испорачани во претходно наведената временска рамка меѓу крајот на март до крајот на април. Германските 14 тенкови ќе бидат испорачани најдоцна до последната седмица од март, додаде.
„Кога станува збор за состојбата на тенковите, едно е јасно: многу тенкови може да се испорачаат и да се користат веднаш, без разлика на малите приспособувања во однос на комуникациите и др, другите тенкови се во ред и им е потребно подобрување“, рече Писториус.
Во јануари германската влада по притисокот од сојузниците во НАТО, се согласи на Киев да му испорача тенкови „Leopard 2“ и да го одобри нивниот реекспорт од земјите коишто ги поседуваат. Берлин во првата фаза планира да обезбеди една тенковска чета од 14 „Leopard 2 A6“ директно од залихите на Бундесверот.
Германија, покрај тоа, минатиот вторник објави дека одобрила испорака на 178 тенкови од модел „Leopard 1 A5“ од првата генерација. Министерот за одбрана Борис Писториус во текот на ненајавената посета на Киев истиот ден изјави дека заедно со неколку европски земји е договорена испораката на 20 до 25 тенкови „Leopard A1“ до летово а до 80 до крајот на 2024 година, со цел да се достигне бројката од повеќе од 100 во текот на првиот или вториот квартал истата година.
Полска, од своја страна, вети ќе испорача 14 тенкови од истиот модел, истакнувајќи дека испораките се закажани за март. Покрај тоа, Варшава претходно на Киев му испорачала 250 тенкови од модернизираната верзија „Т-72“.
САД, исто така, најавија испраќање 31 тенк од своите модерни тенкови „М1 Abrams“, но прецизираше бидејќи овие тенкови бараат голема логистика нивната испорака ќе трае повеќе месеци. Велика Британија беше првата земај којашто конкретно на Киев му вети испорака на 14 од своите тенкови „Challenger 2“, но без прецизирање на рокови.
Москва повеќепати им порачуваше на земјите членки на НАТО дека снабдувањето со оружје на Украина се смета за непријателска активност кон Русија, како и дека таквите пратки стануваат легитимна воена цел. Покрај тоа, Русија посочува дека со тоа Алијансата станува сѐ повеќе директен учесник во конфликтот, и особено со обуката на украинските војници во Велика Британија, Германија, Италија, САД и други земји, како и со испраќањето воени инструктори и отстапување на разузнавачките информации во релано време.