Германија разгледува кризни мерки во случај на паника на пазарите поради брегзитот

Германија може да преземе кризни мерки за да сузбие евентаулна паника на пазарите доколку Велика Британија излезе од Европската унија без договор, изјави во средата неименуван функционер на финансискиот регулатор, дуректно упатен во подготовките.

Доколку се случи наеднаш пад на ценита на акциите, регулаторите во Германија, Холандија и Италија би можеле привремено на трговците да им го забрани ткн „шорт-сејлинг“, за да ги заколи претераните осцилации на цените, рекле за Reuters функционери во споменатите земји.

Германискиот регулатор за финансиските пазари BaFin веројатно ќе утврди група компании посебно ранливи на економските последици од брегзитот и привремено ќе забрани „шорт-сејлингот“ на нивните акции, рекол за агенцијата друг неименуван извор. Од BaFin веќе прибегнаа на ваква мерка во текот на финансиската криза минатата деценија, забранувајќи привремено „шорт-сејлинг“ од акциите на група банки и други компании. Годинава германскиот регулатор првпат забрани такви шпекуалции со акциите на една компанија, на „Wirecard“. Забраната беше на сила два месеца, а беше воведена за да се ограничат силните осцилации на нејзините акции.

Франкфуртската берза е меѓу најголемите во Европа, и Германија судејќи според тврдењата на неименуваниот функционер се придружува на групата земји кои веќе подготвуваат такви мерки, како што се Италија и Холандија.

Портпаролот на холандскиот регулатор AFM вели дека дојде до остар раст или пад на цените, берзанските оператори накусо би можеле да го запрат тргувањето со финансиските инструменти, како што се на пример акциите.

„AFM ќе биде многу воздржан при премената на алатките кои директно задираат во тргувањето, како што е привременото забрана на шорт-сејлингот. Финансиските пазари денес се многу поотпорни отколку што беа пред десет години, во времето на финансиската криза“, рекол портпаролот.

И италијанскиот регулатор CONSOB, според неименуван функционер, би можел да го забрани „шорт-сејлингот“, доколу „екстремните осцилациите“ поврзани со брегзитот ја загрозат финансиската стабилнсот. Евентуалната одлука за забраната ќе биде донесена во кус рок, без посебна најава, зависно за движењата на пазарите“, истакнал.

Другите европски земји, вклучително и Франција, не сакале да откријат што имаат намера да преземат доколку дојде до паника на пазарите поради несредениот брегзит. Портпаролот на британскиот регулатор FCA рекол дека располагаат со „алатки кои може да се употребат доколку има нарушувања на паарите и дека се подготвени по потреба да преземат мерки“.

Иако мерките сѐ уште не се активиран, подготовките ја нагласуваат будноста во Европа во самата завршница од тензичните преговори меѓу Лондон и Брисел за постигнување договор за британското излегување од ЕУ. Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека земјата ќе ја изнесе од Унијата на 31-ви октомври, со или без договор. Не појасни како мисли да го заобиколи законот што го донесе британскиот парламент кој забранува Обединетото Кралство да го напушти членството во ЕУ без договор.