
Поради остриот раст на бројот на новозаразените во земјата, многу водечки германски политичари во неделата побараа вонредна средба на претставниците на сојузната и на покраинските влади за да се воведат строги мерки во текот на католичките Велигденски празници.
„Бројките растат со голема брзина и ние мораме да разговараме за тврд локдаун во текот на Велигден во понеделник или најдоцна во вторник“, изјави премиерот на сојузната покраина Баден-Виртеберг, Винфрид Кречман од партијата на Зелените.
Следната редовна средба на сојузната и покраинските власти за новите мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот е планирана за 12-ти април.
Карл Луатербах, портпарол за здравствени прашања на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која е дел од владејачката коалиција на сојузно ниво, побара итен кризен состанок на сојузната и на покраинските влади на коишто би се реагирало на остриот раст на новозаразените.
„Ние мораме многу брзо да донесеме одлука. Мислим дека нема да оди без строги мерки на затворање во текот на Велигден“, вели Лаутербах во разговорот за берлинскиот дневен весник Tagesspiegel.
Социјалдемократскиот политичар побара воведување на полициски час во текот на ноќта, кој би започнувал во 20 часот.
„Видовме дека тоа во Франција, Португалија и Велика Британија донесе резултати“, заклучува Карл Луатербах.
И министерот за здравство Јенс Шпан во саботата предложи двоседмично воведување мерки за „затворање“ и ограничувања на контактите на минимум, за да се прекине трендот на брз раст на инциденцата на заразите.
Реномираниот еподемиолошки Институт „Роберт Кох“ во неделата извести за седумдневна инциденца од 129,7, што е значително повеќе отколку во петокот кога инциденцата изнесуваше 119,1.
На нов кризен состанок се противи премиерот на сојузната покраина Баварија и претседател на Христијанското-социјална унија (CSU), Маркус Зедер. Тој укажа на постојните механизми договорени на претпоследниот кризен состанок кои овозможуваат регионално поништување на мерките за „отворање“ во случајот на зголемување на инциденцата над вредноста од 100.
Загриженоста на владата и поради претстојните Велигденски празници и многубројните туристички патувања на шпанска Мајорка која германската влада пред две седмици ја симна од листата ризични региони, по што нагло се зголеми борјот продадени пакети за омилениот кај Германците медитерански остров.
Минатата седмица владата во Берлин ја разгледуваше можноста за целосна забрана на патувањата во странство, но според медиумските извештаи во меѓувреме, властите се откажале од отаа наемра поради уставноправни пречки.
Германската канцеларка Ангела Меркел во средата ги повлече плановите за целосно „затоврање“ од 1-ви до 6-ти април, нарекувајќи ги грешка. Се претпоставува дека одлуката е повлечена поради отпорот на сојузните покраинни и неможноста од краткорочна регулација на Велики четврток и Велика сабота како неработни празници.