Германија уверена во договорот со Шведска и Финска

Неименуван германски владин претставник изјави дека Германија е „многу убедена“ дека НАТО ќе постигне договор со Шведска и со Финска за кандидатурата за членство во Алијансата.

– Колку и да е убаво да се објават конкретни чекори, не би било катастрофа доколку тоа не се случи за неколку недели. Тоа што е клучно од наша гледна точка е дека нема непремостливи пречки, истакна тој,

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање да се приклучат на Западната одбранбена алијанса како одговор на руската инвазија на Украина.

Сепак, двете земји се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека засолнуваат и поддржуваат курдски екстремисти и други групи кои Анкара ги смета за терористички.