Германија нема да го прогласи за терористички проиранскиот Хезболах

Германската влада нема да ја следи Велика Британија и да го прогласи влијателното и моќно либанско шиитско движење Хезболах, регионален сојузник на Иран, за терористичка организација, рече во петокот вториот човек во германското министерство за надворешни рабори, што може да доведе до тензии со САД и Саудиска Арабија, кои инсистираат на тоа.

Државниот секретар во германското министерство за надворешни работи Нилс Аннен ијави за неделникот Der Spiegel, дека Хезболх, како шиитско муслиманско исламистичко движење останал важен фактор во либанското општество и дека Европската унија веќе го додала неговото воено крило на листата забранети групации во 2013 година.

Велика Британија, којашто својата надворешна политика сѐ повеќе ја дистанцира од Европската унија, во февруари објави дека „поради дестабилизацијата“ на Блискиот исток сите елементи и фракции на Хезболах.

Најмоќната група во Либан својето влијание го зголеми и во татковината и во регионот. Хезболах раководи со три од 30-те министерства во владите кои ги води премиерот Саад ал-Харири, кого го поддржува Западот, што е најголмиот број досега.

Хезболах (Божја партија или познат и како Исламски отпор на Либан), кој според обвиненијата на Западот во 1982 година го основала иранската Гарда на чуварите на исламската револуција, е главен чинител во сириската војна и се бори на страната на владата на алавитскиот (огранок на шиитизмот) сириски претседател Башар ал-Асад.

Саудиска Арабија, каде што кралското семејство го практикува вехабизмот, ригидниот облик на сунитскиот ислам, и која е една од регионалните земји поттикнувачки на бунтот на сунитите во Сирија, како и САД и Израел вршат притисок на сојузниците целосно да го забранат Хезболах.

Германскиот државен секретар Аннен, кој за Der Spiegel разговарал пред посетата на Либан, рекол дека Германија е заинтересирана за стабилноста на споменатата блискоисточна земја, како и дека одлуката на Велика Британија нема да има директно влијание врз позициите на Германија или Европската унија.

Аннен, покрај тоа, ги отфрли критиките од САД кои тврдат дека Германија не прави доволно во борбата против влијанието на Иран на Блискиот исток, и вели дека надворешната политика на Берлин и натаму е насочена на изнаоѓање политичко решение дури и во најтешките ситуации.

Германија ја критикуваше одлуката на САД да се повлечат од нуклерниот договор со Иран од 2015 година, па со Франција и со Европската унија работеа на создавање алтернативен финансиски механизам кој би им овозможил на европските компании да работат со Техеран и покрај американските санкции.

Германското одбивање да го забрани Хезболах може да доведе до тензии со Ријад, поради тоа што Берлин ги суспендираше испораките на оружје за Саудиска Арабија поради водството на сунитската коалиција која се бори во соседен Јемен против шиитското племе Хути што предизвика вмешување на Иран, како и поради егекуцијата на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Франција, Велика Британија и европски производитело на оружје ја притискаат Германија да го отповика унилатерланото замрзнување на испораките на оружје за Саудиска Арабија, во износи од милијарди евра.

 

Претходно во петокот, челникот на Хезболах, Сајед Хасан Насралах, изјави дека и други земји би можече да го следат примерот на Велика Британија.

„И покрај се што е кажано и сторено, ќе бидат разочарани. Нивното делување нема да може да нѐ направи посиромашни, погладни или изолирани. Оние коишто нѐ поддржуваат, ќе продолжат тоа да го прават и натаму, со својата држѓава, народото или нашите луѓе и силите на отпорот во Либан“, рече Насралах во телевизиското обраќање.