Вучиќ остро ја отфрли платформата за дијалог на „приштинската банда“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во петокот дека Србија нема да ја прифати платформата за продолжување на дијалогот на албанските власти во поранешната јужна српска покраина со која од Белград се бара признавање на во 2008 година еднострано прогласената независност на Косово и исплата на воена отштета, и притоа истакна дека српската страна секогаш била за мир, но и повторно порача дека „никогаш повеќе нема да Олуја и Блесок“, алудирајќи на хрватските операци со кои речиси и не остана српско малцинство.

„А сега сиктер со таа хартија, бандо од Приштина, каде што сакате и видете дали тоа некој ќе ви го исполни. Србија нема“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во Сремска Митровица пред неколку илјади приврзаници во кампањата „Иднината на Србија“.

Платформата на косовската делегација за дијалогот со Србија, кој во четврток ја усвои косовскиот парламент, предвидува реципрочно меѓусебно признавање Косово и Србија во рамките на постојните граници и укинување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при Обединетите нации од 1999 година, која всушност на Србија ѝ го гарантира територијалниот интергритет вклучително и со нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија.

Платфорамта содржи 11 ткн основни принципи на коишто ќе дејствува косовската делегација, и поглавја кои се однесуваат на европските интерграции, воените злосторства, исчезнати лица и жртви на сексуално насилство, заштита на правата на малцинскитеи заедници, правото на Косово на сукцесија кое го остварија поранешните републики со распадот на СФРЈ.

Во говорото, кој го пренесуваа директно јавниот сервис Радио-телевизија Србија (РТС) и неколку коменрцијални телевизии со национална концесија, Вучиќ истакна дека е свесен дека поради овие свои пораки ќе поттикне критики и од странство и поврзани со нив и на домашната политичка сцена.

„Да нѐ газите – никогаш нема да можете! Го велам ова свесен дека ќе бидам на ударот на светските моќници и на одмошниот олош. Но, јас немам резервна татковина, моите деца живеат во Србија и ќе останат тука“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател порача дека не е уплашен ниту од протестите во Србија, ниту од заканите од странство и го критикуваше Брисел, поради тоа што тврдел дека никогаш нема да се случи ваквата платформа од Приштина.

„Ниту посилни од вас од приштина не успеаја да ја понижат Србија, нема ниту вие. Мислеа дека ме уплашија со протестите овде, со заканите однадвор, дека ќе ги молам за да останам на власт. Не молам никого, за ништо, а кога го преземав најтешкиот товар, знаев колку тоа е добро за нашиот народ“, рече Вучиќ.

„Одговорот на Србија е не, јас тоа нема да ви го дозволам. Јас сум тука да го штитам нашуиот народ, нашата татковина“, порача Вучиќ набројувајќи што сѐ со преговарачката платформа Приштина бара од Србија, покрај заемното признание, исплата воена отштета, судење за наводни „сексуални злосторства“ над Албанки.

„Тоа не е доволно, бидејќи стои дека доколку тоа не го сториме денес, во границите на денешно Косово, со тоа само би се квалификувале еден ден тие да нѐ признаат нас и да ни простат некои наши гревови. Тоа е предуслов да покажеме знаци на доверба, дека и тие би можеле да ја признаат Србија, како да не сме држава, па ни дошло тие да нѐ признаат. Да не е тажно, би било смешно“, рече Вучиќ.

Оцени дека „Приштина со западните партнери сака да ја понижи Србија“ и дека не сакаат компромис мислејќи дека зад себе ги имаат САД и ЕУ.

Вучиќ истакна и дека пред шест месеци ја предупредил високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, која е и покровителка во преговорите, дека нацрт-платформата на косовските Албанци е „вовед во катастрофата на целиот Балкан“, и дека „десет пати молел“ тоа да се спречи, но дека немало реакции. Речи и дека му било ветено дека платформата „нема да се најде на дневниот ред на косовскиот парламент, а не пак да биде изгласана“.

„Ме измамија, а уше повеќе себеси… А доколку ние донесовме ваква платфорам, буквално ќе ме обесеа во Брисел“, рече Вучиќ порачувајќи дека Србија, и покрај см, го продолжува европскиот пат, „во прв ред чувајќи се себеси, грижејќи се за своите луѓе и својот народ на Косово“.

Претходно во петокот Вучиќ во разговорот зсо потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмен, Дејвид Хејл, рече дека одговорот на Белград на преговарачката платформа на Приштина за продолжување на дијалогот ќе биде „решителен, сериозен, одговорен и цврст“, додека српската премиерка Ана Брнабиќ му порача дека „платформата е уште еден потег против дијалогот“.