Според информациите доставени до германската Влада во јуни, постои реална опасност да бидат нападнати цели во авионскиот и железничкиот сообраќај, фреквентни локации како панаѓури, пазари и фестивали,
– Сојузна Република Германија е декларирана и активна цел за џихадистичко насилство. Германските агенции и интереси се предмет на хипотетичка закана во земјата, како и во странство, се вели во извештајот.
Според „Билд“, постои зголемен ризик дека симпатизери на терористички организации, кои немаат директна врска со нив можат да спроведат независни напади. Според извештајот, постои речиси сигурна закана и долгорочна закана од џихадисти-повратници од Сирија и Ирак.
Извештајот бил подготвен еден месец пред нападите во Германија што се случија на средината на јули, кога 17-годишен Авганистанец со секира нападна патници во воз, а Иранец уби девет лица во Минхен.
Подоцна Германија се соочи со и со експлозија на бомба поставена од Сириец пред музички фестивал во Баварија, а друг терорист од Сирија со мачета уби една жена близу Штудгарт.