Германската биофармацевтска компанија „CureVac“ преку сооопштение ги негираше во понеделникот вечерта иформациите во медиумите дека наводно американскиот претседател Доналд Трамп со големи суми се обидел да ги преземе научниците кои работата на развојот на вакцина за новиот тип коронавирус Covid-19.
Неколку часа претходно Европската комисија понуди 80 милиони евра финансика поддршка за германската биофармацевтска компанија „CureVac“ за забрзување на развојот и производството на вакцината против новиот тип коронавирус Covid-19. Станува збор за компанијата од којашто, според германските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп се обидел германските научнции кои работата на вакцината против коронавирусот со високи суми да го доведе во САД или да ги осигури ексклузивните права на вакцината.
Претходно весникот Welt am Sonntag, повикувајќи се на неименуван извор во германската влада, објави дека Трамп се обидувал да ги привлече научниците на „CureVac“ во САД за големи износи. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас остро реагираше по написот и се спротистави на ексклузивниот пристап на која и да е земја до вакцината против коронавирусот, критикувајќи го и американскиот челник.
„CureVac, ниту порано, ниту во текот, ниту по состанокот на работната група (за борба притив коронавирусот), кој се одржа на 2-ри март во Белата куќа, не доби предлози од владата на САД или од организации поврзани со неа. CureVac ги отфрла сите наводи во медиумите“, се вели во соопштението објавено на Twitter.
Компанијата истовремено потврди дека нејзините челници имале претходно во понеделникот телефонски разговор со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и со еврокомесарката за иновации и истражувања Марија Габриел. Како што беше претходно објавено, Фон дер Лејен соопшти дека ЕУ ќе го поддржи истражувањето на „CureVac“ кое е во раната фаза и ќе продожи да обезбедува финансиска помош за компанијата.