Биотехнолошката компанија „CureVac“ ги регистрирала првите учесници од фазата 2b/3 клинички испитувања на својот препарат кој е кандидат да стане вакцина против Covid-19, соопшти во понеделникот оваа германска компанија.
Споменатата фаза од испитувањето, клучна за добивање одобрување од регулаторните тела, ќе се испитува безбедноста и ефикасноста кај, како што се очекува на повеќе од 35.000 возрасни волонтери во Европа и во Латинска Америка.
Целта на ова испитување е дали препаратот за вакцина го спречува развојот на тешките форми на Covid-19 кај луѓето кои се веќе заразени со вирусот SARS-CoV-2 и дали ги спречува умерените до тешки форми на болеста кај учесниците кои никогаш не биле заразени со вирусот.
„Досегашните резултти од испитувањето изгледаат ветувачки и се надеваме дека ова клиничко испитување ќе го покаже целосниот ефект од mRNA технологијата и спречувањњето на развојот на Covid-19, и ќе помогне да ја победиме пандемијата“, изјави извршниот директор на компанијата, Франц-Вернер Хаас.
Во „CureVac“ работата на иновативната метода на производството на вакцини – mRNA, како што тоа претходно го сторија американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ и американска „Moderna“.
Според нив оваа нова технологија ќе овозможи побрз развој и производство отколку традиционалните методи за производство на вакцини. Меѓутоа, покрај специјалните услови за чување на ваквите вакцини, односно неопходни се поларно-ниски темпертури, тие може да предизвикаат и други несакани последници.
Оваа нова технологија е позната како „известувачка РНА“(Messenger Rna – mRNA), односно молекула на рибонуклеинската киселина која носи информација, со која организмот се поттикнува да создава еден од вирусните протеини со кој потоа организмот се поттикнува на развој на имунолошки одгвовор на коронавирусот. Оваа метода се претставува како „моќна алатка“ во борбата против пандемијата.