Германска пивница нуди пиво во замена за масло, без ограничување на количествата

Кризата често води до креативност. Токму тоа со својот пример го покажа пивницата „Гизингер“ во Минхен, која на сосема оригинален начин смисли како да го намали недостигот од масло за јадење. Имено, тие им дозволиле на клиентите да платат пиво со сончогледово масло.

На кујната во пабот и требаат околу 300 литри масло неделно за печење, готвење или пржење, а залихите се при крај и така се родила идејата. „Гостите одлично ја прифатија размената. Им се допадна идејата да донесат сопствено масло, на крајот на краиштата, тоа не е лоша зделка“, рече Томас Дориат, портпарол на пабот, пишува списанието Феникс.

Половина литар пиво во пабот чини 4,20 евра,а маслото за јадење понекогаш е достапно во продавниците за половина од таа цена. Пивницата е „супер благодарна“ на своите гости, рече Дориат.

Пивницата „Гизинџер“ објави повик за замена на Фејсбук на почетокот на месецот, бидејќи сакаше да биде добро подготвена со 500 литри „заменливо масло“ до крајот на годината, но по малку повеќе за една недела веќе се собрани 1.000 литри..

„Еден гостин донесе 80 литри масло, бидејќи му требаа 80 литри пиво за свадба”, вели тој. Понудата важи, колку литри масло, толку пиво, па макар и 22.000 литри. Зошто токму таа цифра? Затоа што толкаво количество масло на пиварницата и е понудено од сè уште неименувана компанија, која ја прифатиле.

Необичната промоција траела до недела (17 јули), а единствениот услов за размена бил маслото на е е со истечен рок на употреба. Од пивницата соопштија дека собрале 23.000 литри масло.