
Германските воздухопловни сили спроведоа голема воена вежба на Алјаска, првпат користејќи го американскиот артилериски систем HIMARS, објави во вторникот нивниот портпарол.
Операцијата со употреба на HIMARS била дел од воената вежба „Арктички бранител“. Станува збор за вежба на воздухопловните сили предводени од Германија. Таа го симулира сценариото за колективна одбрана според членот 5 на НАТО, кој ги обврзува сите членки да го сметаат нападот врз една од нив како напад врз целата алијанса, објаснуваат од Бундесверот.
Системите за повеќекратно ракетно лансирање HIMARS имаа поголем дострел и се попрецизни од артилеријата која ја поседува Украина. Тие системи HIMARS вообичаено користеа проектили со дострел од околу 80 километри и беа дел од 11-от пакет воена помош на САД за Украина во војната против Русија, донесен на јуни 2022 година. Тогаш Белата куќа соопшти дека Киев се обврзал дека таквите вооружувања со долг дострел нема да ги користи за напади врз цели на руска територија, но годинавата испорача проектили ATACMS, oперативно-тактичка балистичка ракета со дострл од најмалку 165 километри развиена од американската компанијата „Lockheed Martin“, кои може да се лансираат од повеќе ракетни системи за лансирање, вклучувајќи го и „M142 HIMARS“ и да достигнат цели длабоко во заднината на руските војски.
Германската влада најави дека за Украина ќе финансира уште три система на американскиот производител „Lockheed Martin“. Бундесверот, германската војска, моментално го има системот MARS, но тие немаат високомобилен систем како HIMARS.
.