Германската екстремна десница оружјето го набавувала во Хрватска, медиуми

Екстремно-десничарските групации во Германија набавувале оружје коешто во оваа земјата доаѓа со посредување на трговци од Хрватска, пренесе во вторникот германскиот јавен информативен сервис ZDF.

Државното обвинителство во Минхен подигнало обвинение против 47-годишниот Александер Р, кој се товари дека за потрребите на екстремната десница во Германија набавувал оружје во Хрватска, беше објавено во политичкиот магазин Frontal21 на јавниот сервис ZDF.

„Кај главниот обвинет и кај неколку лица кои биле приматели, пдонајдени се повеќе паричиња оружје меѓу коишто и полуавтоматски пушки ткн ‘пумпарици’, како и повеќе од 200 парчиња муниција“, изјавил за ZDF, Клаус Рунхалд од Главното државно обвинителство во Минхен.

„Лицата во чиишто раце завршило оружјето, може да се вбројат во екстремно десната сцена“, додал Рунхалд.

Меѓу нив се и припадници на ткн групација Државјани на Рахјот, лица кои не го признаваат сегашниот уставен поредок на Сојузна Република Германија.

Германските иследници до осомничениот Александер Р. дошле врз основа на сознанијата на хрватските исттражни органи кои уште во 2018 година при претрес во Хрватска откриле поголемо количество оружје наменето за купувачи во Германија.

Тој до екстрадицијата на Германија во јули или септември годинава, како што се наведува во прилогот, живеел во еден хрватски пристанишен град. Неговиот адвокат за Frontal21 негирал дека неговиот клиент ниту поседувал, ниту тргувал со илегално оружје, како и дека одамна ја напуштил десната политичка сцена во земјата.

Новинарите во споменатиот телевизиски прилог разговараат со повеќе лица од хрватската област Славонија, коишто делумно веќе отслужиле затворски казни поради поседување и препродажба на нелегално оружје. Во прилогот соговорниците велат и дека оружјето доаѓа од Србија, но еден дел потекнува од периодот од и по војната во поранешна Југославија во Хрватска.

Првообвинериот Александер Р. некогаш бил активен член на радикално десната Националдемократска партија на Германија (NDP), а околу 2016 година наводно станал член на евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

Хрватските иследници наводно германските колеги ги известилет дека Александер Р. во Хрватска набавува оружје и протоа велат дека оружјето, „според искажувањето на еден сведок, е наменето за AfD, една десничарска партија“.  Во март 2018 година тие откриле пратка со нелегално оружје за приматели во Германија. Хрватските истражители со месеци ги следеа операторите со оружје и ги идентификувале нивните комуникации. За време на рациите наипле на голем број автоматски пушки, муниција, рачни гранати и ракетен фрлач.

Споменатиот ограник на AfD за Минхен и околината соопшти за јавноста дека „никогаш ниту понудиле, ниту купувале нелегално вооружување“. Тое го припишуваат прилогот на кампањата која последните години се води против партијата, која успеа за само неколку години од формирањето да влезе и во сите парламенти на спојузните покраини и да стане третата политичка сила и да влезе во Бундестагот.