![afd konvencija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/afd-konvencija.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Четириесет и четиригодишниот Тино Крупала од истичната германска сојузна покраина Саксонија избран е во саботата за копретседател на крајно десната европскептична и противодоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).
Крупала, кој пред да влезе во политиката бил молер и учел сликање, е пратеник во германскиот парламент, а се смета за компромисен кандидат за копретседателското место, имајќи предвид дека ја има поддршката од крајно десното крило, како и на умерените челници во водството на партијата.
Како вторн лидер на партиската конвенција на AfD во саботата со околу 69 отсто гласови беше потврден 58-годишниот професор по економија Јерг Хуберт Меитхен од јужната сојузна покраина Баден-Виртенберг. Тој порача дека негвоиот пат е „конзервативен, мирољубив и патриотски“.
„Време е со двојното челништво кое го сочинуваат претставници и од истокот и од западот на земјата да се испрати јасна порака“, рече Крупала пред делегатите на партиската конвенција откако доби 54 отсто од гласовите.
Националната конференција на Алтернатива за Германија (AfD) започна во саботата во атмосфера на борба за превласт во врвот на партијата меѓу радикалното крило и поумерената стрија која наклонува кон десниот центар. Радикалната фракција Fluegel (Крило), се надеваше дека ќе го зголеми бројот на своите претставници во управниот одбор од 13 членови кој партијата дополнително би ја свртил во десно.
Борбата меѓу радикалите и умерените членови особено дојде до израз при изборот на копретседателите на AfD. Од оваа позиција по две години се повлече 78-годишниот Александер Гауланд кој беше еден од двата копретседатела кои ја водат партијата. Во говорот пред делегатите на конвенцијата во градот Брауншвајг, во западна Германија, Гауланд ја повика AfD да се зазема за „малите луѓе“ и да се подготви за преземање на власта. Тој и му ја даде својата поддршка на Крупала кој се појави како можен компромисен кандидат.