Германската влада и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер ги отфрли во понеделникот критиките за неефикасност на системот за тревожење во случајот на минатонеделниките катастрофални поплави на западот од Германија.
„Од Бирото за тревожење и заштита на граѓаните ми е кажано дека комуникациските патишта функционирале“, изјави министер за надворешни работи од редовите на Христијанско-социјалната унија (CSU) при обиколката на поплавените подрачја.
Зехофер ги отфрли барањата за промена на системот за известување во случај на пориродни катастрофи.
„Катасрофа се прогласува локално, а не од Берлин“, изјави Зехофер и додаде дека на сојузно ниво комуникацијата функционирала, како и дека во она што се случувало на сојузните покраини „не сака да се меша“.
Истовремено критиката на сметка на комуникацијата во текот на поплавите ја нарече „ефтина предизборна кампања“ која на моменти делува „излитено“.
Опозициските партии Левица и Либерално-демократската партија (FDP) побараа оставка од Зехофер поради наводното нефункционирање на системто за известување и тревожење во текот на катастрофалните поплави на западот на земјата изминатата седмица.
Портпаролката на сојузната влада во Берлин во понеделникот на редовната владина прес-конференција укажа на комбинираната одговорност на сите нивоа во случајот на катастрофи, истакнувајќи дека конечната одлука за алармирање на населениото лежи на нивото на градовите и општините.
Владата, исто така, соопшти и дека на сојузните покраини во известувањето на граѓаните во случај на природна или друга несреќа им помага и Сојузното биро за заштита на граѓаните и помош во случај на катастрофи.
Истовремено е укажано на тоа дека системо за тревожење веќе извесно време се наоѓа во процес на реформирање што би требало да даде подобрувања во синџирот на известувањата. Меѓу другото, предвиена е повторно употреба на мрежата од сирени за алармирање кои веќе подолг период се надвор од употребата.
Бирото претходно соопшти дека преку апликацијата за известување во случај на опасност од катастрофи пред поплавите издал преку 150 предупредувања.
Армин Лашет премиерот на силно погодената сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија и веројатен кандидат на демохристијаните за наследник на Ангела Меркел на канцеларската должноста на септемвриските избори, изјави дека локалните власти различно реагирале на предупредувањата, Според него, на некои места најмногу проблеми прдизвикале покавите кои не се на листата постапки во случај на справувањето против поплавите.
„Она што сега ни е потребно е натамошна анализа, за во иднина да можеме да реагираме подобро“, изјави Лашет.
Критиките следеа откако една британска научницлка во медиумите изјави дека Германија со денови пред поплавите преки Европскиот системот за предупредување од поплавивите (Efas) била предупредувана на можноста од обилни врнежи.