Германски „BioNTech“ ќе поднесе барање за одобрување на ковид-вакцината за деца од 5 до 11 години

Германската технолошка лабораторија „ BioNTech“ ќе поднесе барање за одобрување на својата вакцина против коронавирусот, која ја разви со американскиот фарамацевтски гигант „Pfizer“, за употреба кај деца на возраст од 5 до 11 години, изјави во петокот извршната директорка Езлем Туречи.

„Во текот на седмиците кои се пред нас, ќе ги предадеме резултатите од своето истражување за децата од пет до единаесет години до властите ширум светот и ќе поднесеме барање за одобрување на оваа вакцина за оваа возрасна група, и тука во Европа“, вели Туречи во разговорот за списанието Der Spiegel објавен во петокот.

Додава дека компанијата во којашто е соoсновач со нејзиниот сопруг Угур Сахин кој е и генерален директор на компанијата, со седиштетот на Мајнц во западна Германија, започнала да го подготвува производството на вакцината за деца. Вели дека според составот е иста како и за возрасните, но ќе се дава во помали дози.

Во моментов во „BioNTech“ ги проценуваат податоците за помладите деца на возраст од шест месеци па нагоре, а резултатите од тоа истражување ќе бидат објавени до крајот на годинава.

Во мај годинаваа американската Агенција за храна и лекови (FDA) ја одобри итната употреба на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ против коронавирусот за деца на возраст од 12 години.