Германски министер го отфрли продолжувањето на работата на нуклеарките поради штедењето гас

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја отфрли во неделата идејата за продолжување на работата на трите преостанати германски нуклеарни централи за да се заштеди гасот, велејќи дека тоа би заштедело најмногу 2 отсто од енергенсот.

Оваа заштеда не е доволно голема за поради неа повторно да се покрене дискусијата околу нуклеарната енергија во која постои консензус, изјави Хабел во разговорите со граѓаните во текот на денот на отворени врати во владата.

Преостанатите три нуклеарни централи за производство електрична енергија би требало да бидат затворени до крајот на годинава, согласно законот кој го донесе владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел во заднината на катастрофата на јапонската нуклеарка „Фукушима Дауичи“ по катастрофалниот земјотрес и гигантското цунами во март 2011 година, но и како напорите да се мине кон ткн зелени енергии.

„Доколку земеме предвид колку би заштеделе, тоа би било погрешна одлука“, смета Хабек.

Додап дека евентуално е отворен за идејата за продолжување на работата на нуклеарката во сојузната покраина Баварија, доколку тоа се покаже неопходно за стабилноста и снабдувањето со електрична енергија оваа зима.

Баварија, имено, е важен мотор на германската индустрија, зависна од централите на гас и има неколку термоцентрали на јаглен а ветроцентралите засега не произведуваат доволно енергија.

Германија, како што беше претходно најавено, ќе спроведе тестирање на својата енергетска мрежа следните седмици.