Локален политичар од владејачката Христијанско-демократска партија (ЦДУ) од германскиот град Хенштет загина од удар на гром.
Политичарот Нико К. бил со пријателите на забава „под ведро небо“, кога започнало невреме.
Според весникот „Билд“, пред да си замине од забавата тој случајно се нашол во близина на електричен столб, во кој удрил гром.