Значајниот германски производител на оружје „Rheinmetall“ ги подигна во средата долгорочните прогнози за сопствените деловни резултати поради зајакнатото вооружување на земјите членки на НАТО во заднината на украинската војна.
Минатата седмица овој германски производител на тенкови, оружја, муниција и воени електронски системи прелиминарни извести дека неговите консолидирани приходи од јануари до септември годинава се зголемиле за околу 6,5 отсто, на 4,1 милијарди евра, натфрлајќи го овој показател за целата претходно 2021 година.
Маржата на добивката пред каматите и даноците со кои во „Rheinmetall“ ја мерат прифитабилноста, изнесувала 7,9 отсто и била повисока за 0,2-процентни поени отколку минатата година.
Го истакнуваат 21,4-прциентниот скок на приходите во секторот оружја и муницијата, со рекордните две милијарди евра нарачки, повеќе од двојно поголема отколку во истиот минатогодишен период.
Потврдија тогаш дека во оваа година очекуваат органски раст на приходите од 15 отсто, од минатогодишните 5,66 милијарди евра.
Во средата, пак, објавија дека за 2025 година планираат приход во распонот од 10 до 11 милијарди евра. Во февруари 2021 година, една година пред почетокот на руско-украинската војна, прогнозираа дека ќе изнесуваат 8,5 милијарди евра.
Оперативна профитна маржа ќе порасне на околу 13 отсто, покажуваат најновите деловни прогнози. Досега очекувале дека ќе изнесуваат 10 отсто или повеќе.,
Од почетокот на војната во Украина значително се изменила безбедносната ситуација во земјите членки на НАТО, велат во „Rheinmetall“ и се надеваат дека ќе обезбедат значителен дел од вкупно 100-те милијарди евра кои германската влада ги најави за подобро опремување на вооружените сили.