Германската инженерска компанија „ Siemens Energy“ објави во петокот дека обезбедила нарачка за поставување кабел за пренос на електрична енергија меѓу Ирска и Франција.
Покрај тоа, „Siemens Energy“ ќе ги изгради и трафостаниците за „Celtic Interconnector“, на двете крајни точки, во Нокрах на југот од Ирска и во Ла Мартире на северозападот на Франција.
Вредноста на проектот, според процените на германската компанија, достигнува стотици милиони евра. Во секторот, инаку, овој проект, кој треба да биде завршен до 2026 година, се проценува на речиси половина милијарди евра.
Трафостаниците наизменичната струја ќе ја претвораат во еднонасочна поради транспортот во двете насоки, овозможувајќи пренос на струјата на голема оддалеченоста со минимална можна загуба на енергијата. Ќе овозможува проток на дури 700 мегавати струја, што одговара на снабдувањето на 450.000 домаќинства, соопшти компанијата.
По довршувањето на проектот Ирска, по потреба, ќе може да увезува струја од Франција а на европското копно да го извезува вишокот електрична енергија произведена од обновливи извори.
„Не можеме да си дозволиме губење на електричната енергија добиена од обновливи извори“, изјави извршниот директот на „Siemens“, Тим Холт.
Потрошувачите ќе имаат полза од проширувањето на европската мрежа, преку поотворениот пазар на електрична енергија, поголема енергетска сигурност и пониските трошоци, оценува Холт.