Германскиот бизнис бара заштита од американските санкции

Германските претприемачи ги повикаа во петкот владата на Германија и Европската комисија да одговорат на писмо од американските сенатори кои се закануваат со „финансиско уништување“ на германскиот пристанишен град Засниц поради градањето на гасоводот Северен тек 2.

Тројца американски сенатори во писмото упатено до операторот со пристаништетот во малото германско гратче предупредуваат на санкции од властите на САД против компаниите кои се вклучени во поддршката на изградбата на гасоводот. Во писмото се наведува дека доколку работите бидат продолжени, пристаништетот Засниц ќе се соочат со „финансиска пропаст“.

„Доколку продолжуите да испорачувате стоки и давате услуги и поддршка за проектот Северен тек 2, ќе го уништите идното финансиско опстојување на вашата компанија“, се наведува во писмото на американските власти до пристанишниот оператор „Fährhafen Sassnitz“, кое на увид го имал весникот Handelsblatt, а кое ги потпишале републиканските сенатори Тед Круз, Том Котон и Рон Џонсон.

Во соопштението од петокот на Источната комора на германската економија, којашто ги обединува германските компании кои дејствуваат во Источна Европа и на просторите на поранешниот Советски сојуз, се истакнува дека „неоснованите изјави не водат никаде“.

„Поради тоа, ги повикуваме сојузната влада (во Берлин) и Европската комисија ефикасно да ги зашитат германските и европските компании од вакви напади од трети земји. Бараме финансиска и правна заштита за европските компании од екстериторијалните санкци од страна на трети земји. Покрај тоа, сега е време да се размисли за насочени контрамерки“, пишуваат авторите на изјавата.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој ги застапува заедничките германско-руски енергетски интереси, неодамна се заложи за споменатата опција на сослушувањето пред Економската комисија на Бундестагот. Сојзната влада во Берлин, меѓутоа, не сака ескалација којашто би значела економска војна.

„Во сојузната влада се согласуваме дека во секој момент стоиме на располагање за разговори за да спречиме ескалација“, изјави на почетокот од седмицава за агенцијата DPA германскиот министер за економија Петер Алтмајер.

Во соопштението на споменатата германска стопанска комора се истакнува и дека „заканувачкото писмо од тројцата американски сенатори“ упатено до германската „инфраструктурна компанија, во којашто се вклучени градот и земјата“, претставува „невиден чин… кој личи на уцена“.

„Станува збор за многу повеќе отколку Северен тек 2. Станува збор за заштита на слободата на светската економија од произволни ограничувања од страна на одделни земји. Должни сме да го заштитиме суверенитетот на Европа, не само по енергетските прашања од ваквите мешања од трети земј“, заклучуваат авторите на соопштението.

 

„Ненадмината дрскост“ на американските сенатори

Заканувачкиот допис на америкаснките сенатори до операторот со германското пристаниште Мукран каде што се складирани цевките со кои треба да се довршат преостанатите 6 отсто од гасоводот Северен тек 2 кои се во застој од крајот на минатата година токму поради американските санкции, невозможно е да се надмине според дрскоста, и бара соодветни реципрочни мерки од германската влада, исто така, во петокот регираше челникот на Комисијата за економија и енергетија на германскиот Биндестаг, Клаус Ернст.

Тој, исто така, оценува дека писмото на американските сенатори претставува „директна закана за градот Засниц и сојузната земја Мекленбург-Западна Померанија“.

„Однесувањето на тројцата сенатори покажува дека претходниот протест на германската влада против американските акции нема ефект“, забележува во писмената изјава Ернст.

Според него, протестот на официјален Берлин, повеќе ги охрабрува американските сенатори да го зголемат притисокот врз германските компании.

„Апелирам на владата на Германија да го повика (за вложување протест) амбасадорот на САД. Покрај тоа, во крајна линија, неопходно е да се заканиме со преземање ефикасни одмазнички мерки и во настанатите околности, на пример, да се воведат глоби за американскиот течен природен гас (LNG)… Рубиконот, јасно, е преминат“, истакнува Ернст.

САД, имено ја критикуваат Германија и тврдат дека со новиот гасовод само ќе ја зголемат енергетската и политичка зависност од Русија и многу потворено сакаат да создадат услови за испорака на течниот гас на американските компании за европските потрошувачи. Но Берлин забележува дека тој начин на снабдување е далеку поскап, во прв ред поради сложената инфраструктура која допрва треба да се гради, како и поради цените на течниот гас.

 

Заканите на сенаторите

Весникот Handelsblatt во четвртокот објави дека во писмото датирано од ден претходно, на 5-ти август, сенаторите Круз, Котон и Џонсон им се заканиваат на челниците на компанијата пристанишен оператор „Faehrhafen Sassnitz GmbH“ со „значителни последици“ доколку „веднаш не престана да го користат пристаништетот Мукран како логистичка база за Северен тек 2. Во пристаништето е вкотвен специјалното руско пловило за поставување цевки по морското дно „Академик Черски“, кој е предвиден за завршување на преостатокот од трасата на госоводот. Тоа дојде откако швајцарската компанија „Allseas“ по американските санкции го повлече своето специјализирано пловило за полагање на цевките, а од руски „Газпром“ најавија дека ќе продолжат самостојно со завршувањето, и пролетва во Германија доплови о руското специјализирано пловило а се учекува уште едно.

Американските сенатори сметаат дека операторот „Faehrhafen Sassnitz GmbH“, кој е во 90-процентна сопственост на градота Зсниц и 10 отсто на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, „намерно му обезбедува на проектот важни стоки, услуги и друг вид поддршка“, на пример, во снабдувањето на рускиот екипаж. Тие истакнуваат дека нивното писмо е доказ дека мерките (санкциите) може да бидат преземени против сите кои на некаков начин се поврзани со проектот, челниците на компаниите, акционерите и вработените.

 

Северен тек и американските санкции

На 4-ти јуни републиканците во Сенатот на американскиот Конгрес доставија предлог-закон за проширување на санкциите против гасоводот Северен тек 2. Како што беше соопштено тогаш, документот ги „прецизира и проширува санкциите во законските рамките поради осигурување на енергетската безбедност на Европа“ и има цел да го спречи завршувањето на гасоводот.

Претходно американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Стејт департментот ќе ги вклучи руските гасоводи Северен тек 2 и Турски тек во проектите кои потпаѓаат под законот „За справување со противниците на Америка преку санкции“ (CAATSA). Овој закон беше донесен во САД во 2017 година и првично предвидуваше употреба на ограничувања против земјите кои ќе склучат со Русија големи договори за набавака на оружје и воена опрема.

Проектот Северен тек 2 предивудава изградба на два цевковода на со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од руските наоѓалишта преку дното на крајбрежјето на Балтичкото Море до Германија.