Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ беше во посета во општина Зелениково и запрашан за коментар на германскиот ФАЦ кој ја критикува владата истакна дека овој весник до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира во Македонија.
-Германскиот реномиран весник ФАЦ до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира во Македонија и кога ние алармираме 6 години дека ова се случува, за жал и од страна на одредени европски политичари тоа наидува на игнорирање, потенцираше Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во врска со ова овој проблем укажа дека тој треба да се реши, а тоа ќе биде преку промени кои што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија.
-Овдека проблемот станува се подлабок и потежок за решавање и тоа е наш проблем и треба ние да си го решиме. Како ќе го решиме? Се знае со промени. Затоа е важно за неколку месеци од денес да направиме промени кои што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија. Во спротивно ќе продолжиме да тонеме во криминал и политичка корупција која што ја гледаме 6 години и од ден во ден станува се поакутна и би рекол алармантна, се доведува под знак прашање непостоењето на системот, тука постоењето на државата, додаде Мицкоски.