Германскиот хемиски концерн BASF најави дека поради високите цени на енергијата ги намалува трошоците во Европа до 2024 година со 500 милиони евра годишно и ќе ги разгледа реструктуирање на хемиските погони на подолг рок.
Во вонредното соопштение, групацијата прелиминарно извести дека нејзината нето добивка во третиот кварал изнесувала 909 милиони евра, што значи дека е помала за 27,3 отсто отколку во истиот лански период.
Во BASF истакнуваат 740 милиони евра отпис на вредноста на уделите во нафтеното и гасно работење „Wintershall Dea“ по неговото делумно отпишување на уделот во операторот на гасоводот Северен тек 1.
Добивката пред каматите и даноците (EBIT) паднала за 27,7 отсто, на 1,35 милијарди евра. Кога ќе се исклучат вонредните ставки, намалена е 29 отсто, на 1,29 милијарди евра, имајќи предвид дека BASF со повисоките продажни цени не успеал целосно да ја „покрие“ поскапите енергија и суровините.
Приходот порасна 12 отсто, на 21,95 милијарди евра, во прв ред благодарејќи на повисоките цени и поповолното влијание на валутните курсеви, кои го надоместиле намалениот обем на продажбата.
Компанијата најави дека поради значително послабите резултати во Европа, особен во Германија каде што во третиот квартал забележала загуби, и „влошените рамковни услови“ ќе ги намали трошоците во регионот до 2024 година за 500 милиони евра годишно.
Повеќе од половината од планираните заштеди ќе бидат реализирано во германски Лудвигшафен. BASF комплетниот извештај за третото тримесечје ќе го објави на 26-ти октомври.